Сепак, во видеото од акцијата за претрес кое МВР го испрати до медиумите, можат да се забележат само неколку телефони, а не оружје и опрема.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 декември, 2020 16:19

Во Македонија се шетаат терористи: Разбиена терористичка група, имале подготвени самоубиствени експлозивни појаси

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Полицијата излезе со детали за вчерашните приведувања во Скопје и Куманово. Приведени се 8 лица осомничени дека се дел на терористичка група. Во информациите од МВР се вели дека лицето Б.А. од Куманово создал терористичка организација во која членувале и сега приведените врз основи на идеолошката матрица на терористичката организација ИСИС за извршување на убиства и уништување на јавни објекти со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните, пренесува 21 Тв!

Сепак, во видеото од акцијата за претрес кое МВР го испрати до медиумите, можат да се забележат само неколку телефони, а не оружје и опрема.

Денеска роднините на приведените дојдоа во Кривичен суд Скопје. Селвер Гаши, брат на еден од приведените, вели дека неговиот брат е невин и дека во нивниот дом не е пронајдено оружје или муниција со што се докажува дека се терористи.

Немаме ниту оружје на црно, ниту муниција, ниту игла не е пронајдена.“, вели Гаши.

Велат дека полицијата при претресот користела насилство и не им покажале ниту налог за претрес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести