Иако одамна укината формата на "современо" ропство е широко распространета

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 август, 2018 12:22

Во Македонија 18.000 луѓе живеат во современо ропство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Македонија во услови на современо ропство живеат околу 18 илјади лица или 8.7 од илјада македонски државјани се робови покажува Глобалниот Индекс за ропство 2018 изработен од Обединетите нации и Фондацијата “Walk Free”.

Македонија се наоѓа на трето место на листата земји од Европа и централна Азија според овој показател. Во оваа група пред нас се само Туркменистан и Белорусија а најдобро рангиран е Луксембур каде само 1.5 од 1000 лица се робови.

Што се однесува на одговорноста на власта во однос на овој проблем македонската е оценета со БББ.

“Владата ги спроведува клучните компоненти на сеопфатен одговор на некои форми на модерно ропство – пружа услуги за поддршка на жртвите – има силен одговор на правосудните органи – има докази за координација и соработка и заштита за ранливите популации. Власта може да почнат да се справуваат со проблемот на ропството во постапките поврзани со јавни набавки или кај деловни субјекти на нивна територија. Може да постојат докази дека некои владини политики и пракси може да ги криминализираат и – или резултатите при депортација на жртвите.” – се наведува во појаснувањето за тоа што значи оценката БББ.

Заклучокот на Фондацијата е дека е шокантно колку современото ропство е распространето во најразвиените држави во светот. Вкупно над 40 милиони луѓе живеат како “робови.” Европа е издвоена по тоа што во неа современото ропство најмалку се толерира како и дека властите брзо реагираат на таквите појави и носат соодветни закони за борба против современото ропство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...