Бојан и Катица со меѓусебна комуникација започнале на 25 февруари 2019 година кога тој и испратил на Јанева неколку фотографии од мебел, со коментар “Одбрав, стигнати се”! на што Јанева вратила никакков одговор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 февруари, 2020 16:13

Во Милано се расфрлал со пари, преку “Whats App” и праќал фотографии од мебел на Јанева

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска продолжи рочиштето за случајот Рекет, кој влезе во нова доказна постапка. На денешното рочиште се прегледуваа снимки кои сведокот Орце Камчев гидоставил до обвинителството, а, беа прочитани и смс пораки кои обвинетите Бојан Јовановски и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева си ги испраќале на “Whats App”.

Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот Рекет, денеска пред обвинителството рече дека има рак на желудникот.

Бојан и Катица со меѓусебна комуникација започнале на 25 февруари 2019 година кога тој и испратил на Јанева неколку фотографии од мебел, со коментар “Одбрав, стигнати се”! на што Јанева вратила никакков одговор.

За неколку дена, на шопинг во Милано Италија, односно крајот на февруари 2019 година, Бојан Јовановски и неговата мајка Јасминка Јовановска потрошиле стотина илјади евра на шопинг.

На денешното рочиште од страна на обвинителката Ивана Трајчевска беа прочитани и извршените трансакции, во Милано, каде Боки 13 бил на шопинг заедно со својата мајка. Почетна сума од 3.605 евра, па 890 евра, 9.880 евра, 675 евра, 9.570 евра, 5.800 рвра, 7.980 евра, 9.915 евра, 7.865 евра, 1.440 евра, 2.535 евра, 14.820 евра, 14.965 евра, 10.430 евра, 26.800 евра, 6.680 евра… Вкупно за три дена, 25, 26 и 27 февруари потрошиле 148.000 евра, рече Рускоска, а адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски  реагираше дека дел од сметките се повторувале, на што од обвинителката Ивана Трајковска доби одговор дека сметките биле обработени од МВР.

Денеска на почетокот од судењето Бојан Јовановски кој е првоосомничен во случајот рече дека има нова дијагноза, односно дека на 33 години има рак на желудникот a пред новинарите, адвокатот на Бојан , Сашо Дуковски ги покажа документите со дијагностициран канцер, издадени пред два дена од ГОБ- 8ми септември.

Утврден е карцином на желудникот. Ова докажува во каква состојба се наоѓа Боки. Тој постојано повраќа крв и не може да го следи судењето.Ова е тортура врз Јовановски и ние тоа нема да го дозволиме во иднина, посочи Дуковски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.