Во МНР партизација наместо професионализација

Објавил: Узунов Бобан | 3 септември, 2019 14:54

Во МНР партизација наместо професионализација, наместо експерти се вработуваат роднини и шарени револуционери ?!

Фото/Текст извор: ©infoplus.mk/магазин

 

Само шестмина влегоа по огласот за 26 позиции отворени во МНР на Никола Димитров. За ниеден друг од десетиците пријавени немало договор во центарот за партизација во СДСМ.
За потсетување, овие вработувања се дел од истиот оглас за кој што пишуваа и се јавуваа доктори на науки со странски искуства и меѓународни дипломи.-пишува порталот infoplus.mk

„На конкурсот на Министерството за надворешни pработи за вработување на 26 млади дипломати распишан лани на 29 декември, на површина излегоа многу административни препреки кои предизвикаа незадоволство кај дел од кандидатите. Откако многу кандидати со образование и работно искуство беа одбиени поради неуредна апликација, дел од нив се огласија во јавноста за да го искажат својот револт.
За 26 работни места – млади дипломати се пријавиле 819 кандидати. Од нив, само на 96 им биле уредни апликациите, односно 723 беа елиминирани од старт- истражуваше ИРЛ Македонија https://irl.mk/kako-se-mesti-oglas-za-drzhavna-rabota/ .МНР

Значи од 819 кандидати, па и од 96 „уредни“ апликации, партискиот филтер не го минале ниту 26. 20мина не го минале ниту филтерот во агенцијата за админстрација. Сега може да претпоставите какви ли се кадри требало да влезат во МНР?

Со неуредни апликации одбиени се доктори на науки, луѓе кои секаде се дочекувани со раширени раце. Ама не и во МНР. Не може местото во МНР да го земе некој што не е кадар по желба на СДСМ, кадар што беспоговорно ќе им стои на услога „да врати“ за работата.

Па кои се среќните добитници на оваа лотарија за непотизам и партизација?
Во МНР од денеска работат Бони Цветановска, Сашка Талевска, Зоја Зердеска, Ѓорѓо Поп Ангелов, Миле Долдуров.

Наместо доктори на науки во МНР влегува Сашка Талевска, една од најгласните во ткн Шарена Револуција. Гушкачката на ГТЦ, по вработувањето во МНР, како среќен добитник на работно место треба даодговори дали е тоа за кое се бореше и пишуваше „Ќе ја стигнеме правдата, ќе го имаме и мирот. Ќе го проочистиме воздухот и заедно ќе ја почувствуваме слободата“?

Бони Цветановска всушност е во МНР веднаш по смена на власта, како кадар од невладиниот сектор, како десна рака на Виктор Димовски. Сега таа се вработи во кабинетот, иако Димовски замина во друга агенција и МНР нема државен сектретар.

Наместо странски искуства во МНР на работа тргна и Ѓорѓо Поп Ангелов. Неговото вработување е чист непотизам. Тој е внук на Марјан Поп Ангелов, своевремено и вршител на должност во амбасадата во Вашингтон, сега е помошник директор во Директоратот за воневропски држави. Внукот си го вработи во секторот финансии.

Така, додека државата тоне во корупција, а вниманието е насочено кон аферата Рекет, Никола Димитров ја спроведува агендата за партизација на дипломатијата. Пред овој избор следеше скандалозна систематизација со која спротивно на сите интерни и државни документи, деградирани се амбасадори и друг дипломатски кадар по неколку скалила, ама затоа сите послушници и поклоници на заевизмот беа унапредени. Сега се оглас се одбиваат доктори на науки, а се примаат кадри кои не им се ниту до колена. И за сето тоа, дополнително, одлуките за вработување не се објавени, иако тоа е законска обврска. Што е доказ дека нешто- се крие!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести