Претседателските кандидати апелираат до граѓаните на поголема излезеност во вториот круг на изборите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 мај, 2019 11:36

Во недела се избира претседател на државата: Претседателските кандидати со апел за поголема излезност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Уште само три дена останнуваат до вториот круг на претседателските избори, шести по ред во Македонија. Двајцата кандидати кои останаа во трката за претседател Гордана Силјановска Давкова и Стево пендаровски со апели до граѓаните за поголема излезност во недела, на 5 мај.

Во недела се гласа за шестиот претседател на Република Македонија

Вчера во Македонска Каменица и Кочани, кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски порача граѓаните да го закружат бројот 3, доколку сакаат подобра перспектива за сите, сигурно одење во Европа, продолжување на реформите и заедничкиот пат кон напредокот, развојот и интеграцијата во НАТО.

Тој пред насобраните граѓани изјави дека доколку биде избран на функцијата за претседател граѓаните кончено, по десет години ќе добијат претседател од кој нема да се срамат.

-Ќе бидам претседател кој ќе знае позитивните политики да ги пофали и поддржи, тоа што не чини да го врати назад, да се доработи. Она што е во интерес на граѓаните да го поддржи, а она што во интерес на една фамилија или потесен круг луѓе да не добие поддршка. Мојата прва задача ќе биде она што го бараат граѓаните да им се даде, а не тоа што го бара партијата на власт, напомена Пендаровски.

Гордана Силјаноска Давкова пак од Битола порача дека на нашата држава и се потребни реформи бидејќи во моментов не е пристојно место за живеење.

-Реформите треба да почнат од оние најгоре. Мислам дека сме имале и сé уште имаме сериозна криза на лидерство дека во Македонија. На највисоките позиции не се луѓе кои знаат, кои умеат, стручни и компетентни со интегритет и дигнитет. Но верувам дека оваа македонска пролет ќе биде позната, не само како што велат, по за прв пат невообичаената кампања, туку и по реформите, истакна Силјаноска Давкова.

Ккао што вели Силјановска, разговорот за почетокот на преговорите за членство во ЕУ ќе биде одложен дури за на есен.

За да има успешен избор на претседател на државата, во недела е потребно на гласачките места да излезат најмалку 40 отсто од запишаните во Единствениот избирачкиот список. Според податоците на Државната изборна комисија, во првиот круг од претседателските избори излезноста беше 41,8 отсто. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.