Од ВМРО велат дека во недостиг на сопствени проекти СДСМ се фали тие кои се проектирани, реализирани или започнати од владата предводена од опозициската партија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јуни, 2019 11:43

Во недостиг на сопствени проекти СДСМ се фали со оние кои се проектирани од ВМРО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Заев и СДСМ ја предводат најнеспособната влада во историјата на Република Македонија.  Власта целосно потфрли на полето на инфраструктурата и освен да се фали со туѓи проекти, ништо друго не сработи,стои во соопштението на ВМРО.

Во недостиг на сопствени проекти СДСМ се фали со проектите на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО велат дека во недостиг на сопствени проекти СДСМ се фали тие кои се проектирани, реализирани или започнати од владата предводена од опозициската партија.

СДСМ потроши две години во неработа и стопирајќи се што беше започнато од претходната влада, за сега истите проекти да ги продолжат и да ги промовираат како свои.Патните правци Штип – Радовиш и Штип – Кочани кои СДСМ ги претставува како свои се проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ, но добро е што СДСМ конечно се реши да се фати за работа и истите да ги доврши.Неспособниот СДСМ чекаше речиси една година за да ја пушти во употреба завршената делница Демир Капија – Смоквица, а две години не можеа ниту да го пуштат во употреба готовиот автопат од Штип до Миладиновци.

Од ВМРО додаваат дека за неспособноста на владејачката партија говори и фактот што нивото на реализација на капиталните инвестиции кои самите ги проектираа, во првите 4 месеци од годинава изнесуваат мизерни 9,83%.

Тоа само ни говори дека 2019 ќе биде полоша од минатата 2018 година, која пак беше најлошата во историјата на државата.Ветувањата за 600 километри нови автопатишта, 550 километри магистрални и 1.100 локални патишта се покажа дека се само лажни предизборни манипулации.Граѓаните се уверија дека СДСМ ниту знаат, ниту се способни да ја подобрат инфраструктурата на Република Македонија.  Државата повеќе не смее да стагнира, СДСМ мора да си замине, за Република Македонија да оди напред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести