Кривичниот законик е јасен, делото кое го направил Димитров е или шпионажа или оддавање државна тајна, иако според информациите од Викиликс, Никола е виновен за двете

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 декември, 2018 14:15

Во “нормална” држава, Димитров би бил во притвор а не во кабинет

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И по 10 години и по три месеци од првите објави на Викиликс за кодошењето на поранешниот главен преговарач за името, Димитров, Никола е сеуште актуелен министер за надворешни работи?

Се уште нема реакција од надлежните истражни органи во државата, откако во текот на вчерашниот ден Викиликс реобјави тајна кореспонденција помеѓу амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер и Стејт Департментот, а во кој се открива дека Никола Димитров работел како оперативец информатор за службите на САД во периодот додека бил главен преговарач за името

ОЈО што правите во врска со Викиликс материјалите дека Димитров бил американски шпиун? По кој член од Кривичниот Законик ќе го водите случајот, по член 316 Шпионажа каде е предвидена казна затвор од најмалку 4 па до 10 години. или по член. 317 Оддавање државна тајна каде затворот е од 1 до 10 години? – прашува професорката Каракамишева

Според кривичниот законик, член 316 и 317, односно за делата „Шпионажа“ и „Оддавање на државна тајна“, минималната затворска казна се движи од пет до максимална казна затвор.

За ова дело речиси задолжително се одредува и мерка притвор.

Реагираше и професорката и поранешна министерка Ганка Цветановска.

Таа порача дека „кога-тогаш, вашите работодавачи секако ќе ве пуштат низ вода. Затоа, ако веќе служите некому, нека биде тоа вашиот народ и сопствената држава!“

Викиликс на 14.12.2018 објави пресретната комуникација помеѓу оперативец на ЦИА и амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер, кој во моментов е назначен за надгледувач на операцијата за проемена на името.

Во тајниот извештај од 2008 година до Стејт Департментот на САД (ОТИ дивизија) Рикер бара заштита за неговиот „крт“ во Македонската влада – Никола Димитров.

Кој го извади Димитров од заборав и го направи Министер за надворешни работи во Македонија за да ја потпише промената на името? Шефот на Бејли, Филип Рикер? – констатира МИНА репорт.

Во документот објавен на сајтот на Викиликс, може да се види комуникацијата помеѓу Рикер и Стејт Департментот, во кој се објаснуваат активностите во врска со преговорите за името, додека Димитров беше главен преговарач.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести