Вчера во земјава беа регистрирани 74 нови случаи на ковид-19 , а на врвот е Скопје, со 14 заболени. Во главниот град до сега има 1.372 активни случаи на коронавирус.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 август, 2020 11:32

Во овие два македонски града нема ниту едeн активен случај на коронавирус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Верувале или не во Македонија има и градови каде нема ниту еден заразен со вирусот корона. Имено станува збор за малите гратчиња Валандово и Пехчево.

И во двете општини до сега од самиот почеток на пандемијата биле регистрирани по 6 случаи на заболени, но активни случаи засега нема.

Со мал број на заразени е Берово каде до сега коронавирусот бил дијагностициран кај 5 лица. 

Вчера во земјава беа регистрирани 74 нови случаи на ковид-19 , а на врвот е Скопје, со 14 заболени. Во главниот град до сега има 1.372 активни случаи на коронавирус.
Досега во земјата се направени вкупно 106047 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11128, бројката на оздравени пациенти е 6972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3656.
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести