Порибувањето беше извршено со подмладок на јагула од типот Европска јагула.

Објавил: Перо Милчин | 29 септември, 2019 11:53

ФАНТАСТИЧНО: Во Охридското Езеро се пуштија 29.000 млади јагули!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

АД ЕСМ (Eлектрани на “Северна” Македонија) изврши акција на порибување на Охридското Езеро со јагули.

Во Охридското езеро беа пуштени вкупно 29.421 парче подмладок на јагула со вкупна тежина од 865 килограми, со што ќе се подобри фондот на живиот свет во езерото, како и самиот еко-систем.

Од ЕСМ информираат дека јагулата е набавена согласно законските прописи, за да се обезбеди здрав и безбеден материјал за порибување на езерото.

Акцијата ја организираше ЕСМ – компанија која користи дел од водите на езерото за производство на електрична енергија преку хидроелектраните Глобочица и Шпилје и за возврат за одржување и збогатување на живиот свет во езерото спроведува акции за порибување.

ЕСМ го финансира овој добар проект за порибување, кое за последен пат беше извршено пред две години.

Порибувањето на Охридското Езеро со млади јагули се врши откако, поради изградбата на електраните на Црн Дрим, беше прекинат природниот пат на охридската јагула од околу 7.000 километри. Таа се мрестеше во Сарагаското Море.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.