Од нив предвидено е 4 станови да се еднособни, 28 двособни, 13 станови трособни и 1 петсобен.

Објавил: admin@magazin | 11 септември, 2021 11:44

Во Охрид во јули издадени 15 одобренија за градба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во јули во Охрид се издадени 15 одобренија за градба, од кои 7 на физички лица и 8 на деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 46 станови во Охрид, со вкупна корисна површина од 2343 м2,  OhridNews! 

Од нив предвидено е 4 станови да се еднособни, 28 двособни, 13 станови трособни и 1 петсобен.

Во истиот период во Струга се издадени 2 одобренија за градба на 2 деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 30 станови во Струга, со вкупна корисна површина од 2360 м2. Од нив предвидено е сите 30 станови да се трособни.

На ниво на држава, според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2021 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 57.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9 952 602 илјади денари, што е за 97.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 284 (63.7 %) се наменети за објекти од високоградба, 50 (11.2 %) за објекти од нискоградба и 112 (25.1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 446 објекти, на 201 (45.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 245 (54.9 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 945 станови, со вкупна корисна површина од 153 184 м2.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од туризам

Со оглед на тоа дека данокот на имот е општински данок, Советот на Град Скопје, односно на општините, самостојно носат одлуки за даночната стапка во рамките на законот, или пак со одлука, поради кризна состојба ја одложуваат примената на регулативата.

За празен стан во Охрид ќе се плаќа троен данок

Измените на Законот за данок на имот со кои има тројно оданочување на стан во кој не...

Проекциите и очекувањата на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот се дека до крајот на тековната година ќе бидат остварени стратешки планираните некаде до 2,2 милиони ноќевања, што е на нивото на 2015 година!

Јаневски: Очекуваме наредната година да бидат остварени 2,5 милиони ноќевања

Туризмот како дејност генерално е меѓу најсериозно засегнатите стопански гранки од...

Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.

Бројот на туристи зголемен за 56,6% за седум месеци, мерките даваат резултат, туризмот се враќа во нормала, велат од владата

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа...

Расправата беше прекината по претставувањето на Амандманот од Босна и Херцеговина, во кој се бара на државите (Македонија и Албанија) да им се остави уште две години време за спроведување на препораките.

БиХ предлага за две години да се продолжи рокот за исполнување на препораките од УНЕСКО за Охридскиот регион

Се уште неизвесна одлуката за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО од на 44 сесија...