Во моментот во болницата имаме два – тројца кои се во многу тешка состојба“, вели Горан Балев, директор на општа болница во Охрид.

Објавил: Македонка Димкин | 30 ноември, 2020 15:21

АЛАРМ: Во Охрид и Струга, се повеќе млади заболени од КОРОНА!

Фото/Текст извор: ©магазин

Во Охридско-струшкиот регион сѐ повеќе млади хоспитализирани поради ковид-19

Сѐ поголем бројот на млади пациенти позитивни на ковид 19 се со тешка клиничка слика и се хоспитализираат во охридската Општа болница, предупредуваат од таму. Лекарите велат дека пандемијата во охридско –   струшкиот регион зема загрижувачки размери. Скоро секој ден бројот на позитивни е поголем од 30. Во моментот во охридската болница има 90 хоспитализирани пациенти, од кои 40 се на кислородна поддршка.

„Имаме се помлади и помлади и се потешки и потешки пациенти. Веројатно и понатаму ќе имаме и помлади и потешки пациенти, бидејќи ова е болест која не може да се предвиди.

Во моментот во болницата имаме два – тројца кои се во многу тешка состојба“, вели Горан Балев, директор на општа болница во Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.