Ова е веќе втора недела како тече акцијата за уривање, а некои од сопствениците на платформите крај брегот на Езерото и самите почнаа да ги одстрануваат терасите навлезени во водите.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 септември, 2019 11:30

Во Охрид се уриваат платформите на двата најпосетени локали „Момир“ и „Ликвид“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На големо се рушат дивоградбите во општина Охрид кој се бори за да не го загуби статусот на заштитено подрачје од  УНЕСКО.

Охрид мора да ги руши сите дивоградби за да биде под заштита на УНЕСКО

Ова е веќе втора недела како тече акцијата за уривање, а некои од сопствениците на платформите крај брегот на Езерото и самите почнаа да ги одстрануваат терасите навлезени во водите.

И сопственикот на едно од најпознатите локали во Охрид, „Аквариус“ реши самиот ја отстрани платформата. Тоа не го сторија и другите, па денеска со асистенција на полицијата се отстрануваат и терасите од угостителските објекти „Момир“ и „Ликвид“. Улицата која води кон овие објекти на брегот од Езерото е затворена од полицијата со образложение дека се изведуваат градежни работи, објави 24 инфо.

По одстранувањето на нелегално изградените платформи општината Охрид ќе изготви трошковник и истиот ќе им го достави да го платат сопствениците на угостителските објекти.

Инаку пред неполни две недели охридските градски власти започнаа со рушење на дивоградбите и донесоа одлука за ставање на крај на безаконието и рушење на сите дивоградби во заштитеното подрачје и околината на градот.

Инаку, во Охрид се регистрирани над 1000 дивоградби од кои дури 409 се во заштитеното подрачје. Поради ова, до општина Охрид беа испратени сериозни забелешки од УНЕСКО и постои реална закана градот, поради дивоградбите да го загуби својот статус во угледната организација.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести