среда, 24 април 2024

MK/ EN/ DE



“ Роден е во Александрија, во христијанско семејство од грчко потекло. Се образувал во Александриската катихетска школа и во подвижничката школа на египетските монаси, каде учител и духовен отец му бил свети Антониј Велики. На тој начин се здобил со елинско енциклопедиско образование, но и црковно - богословско. Неговиот спомен се празнува на 15 мај и 31 јануари, односно 2 мај и 18 јануари по стар стил.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 јануари, 2020 18:06

Во петок се празнува Свети Атанасиј- ова се обичаите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во петок се празнува Свети Атанасиј Велики,  Архиепископ Александриски, наречен и „око на Црквата“ е еден од најголемите богослови на Црквата кој е бранител на никејското православно исповедување на верата во Света Троица. Во црковната химнографија тој е нарекуван „стол на Црквата“, „голема труба на вистината“ и „неспоредлив борец од првите борбени линии.

Свети Атанасиј се роди во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажуваше голема љубов за Христа. Беше многу близок со тогашниот епископ на Александрија, светиот Александар. По смртта на свети Александар беше избран за епископ на истата катедра. Многу претрпе од тогашните еретици, аријанците, а Господ му даде долг и плоден живот. Се упокои во 373 година. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).

“ Роден е во Александрија, во христијанско семејство од грчко потекло. Се образувал во Александриската катихетска школа и во подвижничката школа на египетските монаси, каде учител и духовен отец му бил свети Антониј Велики. На тој начин се здобил со елинско енциклопедиско образование, но и црковно – богословско. Неговиот спомен се празнува на 15 мај и 31 јануари, односно 2 мај и 18 јануари по стар стил.

На овој ден именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Според верувањата на Свети Атанасиј и денот е веќе подолг, од 31 јануари е подолг за еден час.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.