Изгоре куќа – споменик на културата во Велес, има и жртва

Објавил: Македонка Димкин | 21 декември, 2019 11:03

Во пожарот од синоќа во Велес изгорело и едно лице!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Според првичните информации, загинал сопственикот на куќата. Куќата што изгорела е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век.

Голем пожар го зафатил комплексот на старата велешка архитектура познат меѓу народот како “Варналиите”, пренесува Телма

Се уште нема информации за загрозени граѓани, а се претпоставува голема штета бидејќи се работи за неколку куќи кои се прогласени за културно наследство, и датираат од 1868 година.

Обновено: 01,00 х  20,12,2019

Горат неколку куќи вечерва во Велес веднаш  над автобуската станица. Горат куќи во комплексот од стара велешка архитектура познат меѓу велешани како Варналиите и аптека.

Според првичните инфомации од Скопје е пуштена екипа да помага во гаснењето на пожарот. Информацијата и барањето за помош во гаснењето во Скопје стигнало пред половина час , а пожарот неофицијално почнал половина час пред полноќ.

Информацијата пред неколку минути ја сподели и потврди скопската пожарна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести