Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 септември, 2020 23:48

Во понеделник е голем празник– Мала Богородица, заштитничка на жените!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во понеделник се празнува големиот христијански празник, Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица — еден од 12 големи празници во православието кој го слави раѓањето на Богородица. Богородица е родена во Назарет од стари и бездетни родители, благочестиви Јоаким и Ана како одговор на нивните молитви. Се слави на 8 септември според јулијанскиот календар или на 21 септември според грегоријанскиот календар.

Се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. Така на пр. како што запишал Миленко Филиповиќ жените од Дебарски Дримкол што немале деца оделе во манастирот во Калишта на Охридското Езеро за да ја занишаат со прст сребрената лелејка (минијатурна лулка) што стоела пред иконата на Богородица.

Богородица Марија (латински: Virgo Maria, Deipara, грчки: Μαρία, Θεοτόκος, Θεομήτωρ, хебрејски: מירים, арапски: مريم) според верувањата на христијаните била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени. Според евангелието, таа живеела во Назарет во тогашната покраина Галилеја. На арамејски јазик, нејзото име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил архангел Гаврил и и соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонците. Многу цркви во Македонија се посветени на неа. Стефан Тановиќ сведочи дека во Гевгелиско, празникот Мала Богородица се сметал за тежок и аталија празник, а во селото Богородица на овој ден се одржувал голем панаѓур. С. Тановиќ сведочи дека селото Богородица името го добило поради тоа што тука во селската црква престојувала Св. Богородица односно нејзиниот дух. Таа икона во која престојувала Св. Богородица, според раскажувањето на селаните постојано се движела. Додека тука престојувала Богородица, се вели во ова предание, на сите во селото им било добро. Но во 1835 година во месец август, околу пладне црквата се запалила и луѓето убаво виделе како Св. Бугуројца со иконата излетала од пламенот и застанала на камбанаријата. Потоа одлетала на север и повеќе не се вратила. Потоа селото почнало да страда, најпосле го зафатила и чума и малку требало сите да изумрат. Тогаш селаните се сетиле да побараат помош од нивната Св. Богородица која што тогаш била во селото Конче, Радовишко. Луѓето што отишле да ја викаат да се врати за поклон и носеле една литургија. Таа не се вратила, но во сон им кажала како да се спасат од чумата. Им порачала од дрво близнак да направат рало, да најдат два вола близнаци и двајца браќа, исто така близнаци, да ги прегнат тие волови, и со тоа рало да изораат една бразда околу селото, чумата веднаш ќе престанела. Откако тоа го направиле чумата престанала да беснее. Тановиќ сведочи дека и во негово време жителите на ова село верувале дека нивното село не можело да настрада од чума зашто било изорано од браќа близнаци, волови близнаци и рало близнак.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести