Во северно корејската провинција Хванхедо врне веќе 10 дена, а од поплавите животот го загубија 76 лица, 75 се сметаат за исчезнати а уништени се над 800 објекти

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 септември, 2018 6:56

Во поплавите во Северна Кореја најмалку 76 мртви и 75 исчезнати

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 76 лица загинаа, а речиси исто толку се сметаат за исчезнати како резултат на големите поплави што ја погодија Северна Кореја.

Истовремено, илјадници луѓе останаа без покрив над главата, соопштија Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Волонтери од Националниот Црвен крст учествуваат во спасувачките операции во северниот и јужниот дел на провинцијата Хванхедо, каде врне дожд од 28 август.

Во изјавата на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената се дополнува дека меѓу 75-те лица кои се сметаат за исчезнати, голем број се деца.

Во поплавите се уништени повеќе од 800 објекти, вклучително и куќи, клиники и училишта, се вели во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести