Една од ретките земји во Европа каде што смртноста од рак се зголемува во последните 15 години е Македонија. Затоа ние во „Борка“ сметаме дека е наша должност како здружение.

Објавил: Перо Милчин | 1 ноември, 2018 16:22

Во последните 15 години драстично зголемување на заболените од рак во Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Една од ретките земји во Европа каде што смртноста од рак се зголемува во последните 15 години е Македонија.

Затоа ние во „Борка“ сметаме дека е наша должност како здружение, на секој можен начин да ја подигнеме свесноста за овој проблем, истакна Биба Додева, претседателката на Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“, на национална конференција за рак на дојка.

Сакаме да се ревидира позитивната листа на ФЗО за лекови, нови лекови, достапни терапии коишто ќе ги имаат пацинетите во Македонија.

Министерот за здравство Венко Филипче позади кој стојат голем број афери меѓу кои и набавката на реагенси сеуште не се огласува на бројните афери кои и тоа како тресат министерската но и лекарската фотелја.

Конечно да видиме план за отпочнување на таа процедура. Да се зголеми финансирањето и да се овозможи пристап до нови лекови и терапии, да се алоцираат посебни средства од буџетот и да се централизираат набавките на лековите, како што беше тоа најавено.

Тендерите да не траат подолго од три месеци и основен критериум на сите сите овие тендери да не биде само цената, туку и квалитетот, истакна Додева.

Венко Филипче министерот за здравство истакна дека во текот на целиот месец работаат на подигнување на свеста кај граѓаните за ракот на дојка и на намалување на чекањето за преглед и воведувањето дополнителни термини за мамографија.

Посочи дека нивна задача е да им обезбедат на сите граѓани квалитетна здравствена заштита, потенцирајќи дека во текот на минатата недела бил потпишан Меморандум за психолошка поддршка со пациентите заболени од карцином.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...