Таа рече дека сите 194 избирачки места во 80 општини се отворени во 8 часот и дека гласањето се одвива без застои, во демократска атмосфера и со почитување на мерките за заштита од ковид-19.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 декември, 2021 12:08

Во првите три часа од изборите за нов лидер на СДСМ излегле 12 отсто од членовите

Фото/Текст извор: ©магазин/360 степени

Претседателката на Централната изборна комисија на партијата рече дека овој одѕив е добар податок. Гласањето на 194 места завршува во 19 часот!

Дванаесет отсто од членството на СДСМ излегло на гласање во првите три часа од денешните вонредни внатрепартиски избори. Претседателката на партиската Централна изборна комисија, Викторија Мандиќ, оцени дека оваа излезност е добар податок.

Таа рече дека сите 194 избирачки места во 80 општини се отворени во 8 часот и дека гласањето се одвива без застои, во демократска атмосфера и со почитување на мерките за заштита од ковид-19.

Членовите на СДСМ кои до предвидениот рок не се регистрирале како гласачи, тоа може да го направат во текот на денот на гласачите места. Сите кои имаат електронска членска книшка на СДСМ имаат право на глас, рече Мандиќ.

Таа најави дека, по завршувањето на гласањето во 19 часот, изборната комисија ќе ги соопшти резултатите од денешните вонредни избори во партијата, кои следуваат по оставката на досегашниот лидер Зоран Заев, кој го водеше СДСМ од средината на 2013 година.

На вторите директни избори во СДСМ, а први вонредни, кандидати за нов лидер се Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.