Во Сомбор, кој се наоѓа на северозападот на Србија, живеат околу 50 000 жители.

Објавил: Македонка Димкин | 7 јуни, 2023 22:40

Во пукање во Сомбор ранети двајца полицајци и напаѓачот

Фото/Текст извор: ©Магазин

Од српското Министерство за внатрешни работи соопштија дека по пријава за пукање и семејно насилство, на местото на настанот излегле припадници на интервентната полиција и го пронашле мажот П. В. (62), кој потоа испукал неколку куршуми кон полициските службеници

Двајца полицајци и еден осомничен се ранети во престрелка во Сомбор при интервенција на полицијата по пријава за семејно насилство.

Престрелката се случила денеска во попладневните часови на улицата „Стеван Синѓелиќ“ во Сомбор.

Од српското Министерство за внатрешни работи соопштија дека по пријава за пукање и семејно насилство, на местото на настанот излегле припадници на интервентната полиција и го пронашле мажот П. В. (62), кој потоа испукал неколку куршуми кон полициските службеници.

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ го осуди нападот врз полицајци кои вршеле службена должност и си ги ризикувале животите, со цел, согласно законот, професионално да ги бранат животите и имотот на загрозените граѓани, пред сѐ на семејствата кои повикале поради семејно насилство, но и други жители на Сомбор.

Во Сомбор, кој се наоѓа на северозападот на Србија, живеат околу 50 000 жители.

По двете масовни убиства во Србија на почетокот на мај, во кои 18 лица ги загубија животите во одвоени престрелки во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во околината на Младеновац, во Србија започна кампања за легализација на оружјето, која трае до 8 јуни. Според српското Министерство за внатрешни работи, до 5 јуни се предадени речиси 70 000 оружје и муниција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.