Во рацете на албанските граѓани се уште има 325.000 парчиња оружје, кое го поседуваат нелегално.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 февруари, 2019 14:07

Во рацете на Албанците има 325.000 парчиња нелегално оружје

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Албанските граѓани се уште поседуваат 325.000 парчиња оружје, кое го чуваат нелегално.

Во документот стои дека грабежот во армските депоа за време на пролетните немири во 1997 година значително го зголеми бројот на оружје, муниција и експлозивен материјал во рацете на граѓаните. Иако после толку години, се преземени безброј акции за доброволно предавање, повторно околу 40 отсто од оружјето продолжува да биде во рацете на граѓаните.

Во овој податок се наведува една голема загриженост во врска со чувањето на експлозив и оружје, затоа што од околу 16 милиони парчиња колку што се претпоставува дека се украдени, во акциите предадени се само две илјади.
Во воените депоа беа украдени над 550.000 парчиња оружје и околу 839 милиони муниција од различни калибри.

Претходната година албанската полиција на граничниот премин „Муриѓан“ на албанско-црногорската граница уапси шведски државјанин кај кого открила 19 пиштоли,калибар 7,65 милиметри. Исто така кај 30-годишен албански државјанин кон крајот на декември во Гостивар, беа пронајдени пушка-калашњиков и рамка со дваесет куршуми, како и повеќе предмети чие потекло се истражуваше.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.