Романија ќе го менува Уставот, во кој ќе стои дека семејството се заснова врз основа на брак меѓу маж и жена, а не меѓу сопружници, како што беше до сега

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 септември, 2018 10:35

Во Романија референдум за промена на уставната дефиниција на семејството

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Референдумот во Романија за промена на уставната дефиниција на семејството ќе се одржи на 6 и 7 октомври, соопшти премиерката Виорика Данчила.

Уставниот суд на Романија одобри организирање референдум. Во моментов се исполнети сите критериуми. Согласно законот, Владата има обврска да го организира гласањето. Референдумот ќе се одржи на 6 и 7 октомври, изјави Данчила.

Граѓанската иницијатива за промена на Уставот, за да се детализира дека семејство се заснова врз основа на брак меѓу маж и жена, а не меѓу сопружници, како што е во моментов, собра три милиони потписи.

Откако проектот беше одобрен во Парламентот, Уставниот суд оваа недела даде зелено светло за организирање на референдум.

Прашањето, на кое Романците ќе треба да одговорат е: „Дали се согласувате со законот за ревизија на Уставот на Романија во формата, одобрена од Парламентот?”, информира владиниот портпарол Нелу Барбу.

Премиерката Данчила истакна дека референдумот „не е против сексуалните малцинства, туку е резултат на една граѓанска иницијатива“. Таа исто така ги повика партиите јасно да ги кажат своите ставови, наместо да го бојкотираат гласањето.

Претседателот на владејачката Социјалдемократска партија Ливиу Драгнеа ја поздрави одлуката на Парламентот со која ја одобри граѓанската иницијатива за ревизија на Уставот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.