Прличев се родил во Охрид и потекнувал од сиромашно семејство. Уште како мал останал без татко му Ставре, а за фамилијата која се состоела од од три машки и едно девојче се грижеле неговата мајка Марија и неговиот дедо.

Објавил: Владо Марин | 6 февруари, 2020 7:32

ВО СЕЌАВАЊЕ: На денешен ден во Охрид почина Григор Прличев, кој ги напиша поемите „Сердарот“ и „Скендербег“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешен ден во 1893 година во Охрид починал Григор Прличев, еден од истакнатите македонски писатели од 19 век.

Григор Ставрев Прличев е истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски и македонски, и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики и епохата во која живее и работи, класицизмот и романтизмот, како стилски белези.

Според Македонската енциклопедија, тој е писател кому Македонија му е и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб.

Прличев е роден во Охрид, на 30 јануари 1830 година во семејство од кое излегле повеќе македонски дејци и револуционери.

Прличев се родил во Охрид и потекнувал од сиромашно семејство. Уште како мал останал без татко му Ставре, а за фамилијата која се состоела од три машки и едно девојче се грижеле неговата мајка Марија и неговиот дедо. Бедата на неговото семејство била толку голема што поради немање обувки дедо му на грб го носел до училиште.

Мајката на Прличев за да го прехрани семејството работела како аргатка по туѓи куќи и од неа ја слушнал поговорката: Работата е здравје и чест. Но, во својата Автобиографија со тага истакнува дека кога ја видел мајка си како го носи тешкиот килим на глава и кога никој не сакал да ѝ помогне: 

Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов, кој во тоа време учителствува во Охрид. Извесно време се вработува како терзија, а подоцна станува учител во Тирана, Албанија. Во 1849 г. се запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Во текот на 1850-59 г. повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе места: Долна Белица, Струшко, Битола, Прилеп и Охрид, за да си обезбеди услови за продолжување на студиите.
Во 1859 година повторно доаѓа во Атина, како студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата „Сердарот“. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик, паричен дел и лаворов венец. Истата година делото излегува од печат.
Вратен во Охрид веднаш ја започнува работата врз новиот поетски проект поемата Скендербег, далеку попретенциозен творечки зафат. Работи како учител во Охрид.

Со Јаким Сапунџиев го започнуваат народниот подвиг во Охрид, борба за воведување на народниот јазик во училиштата, односно борба против Цариградската патријаршија и нејзиното влијание
Извесно време престојува во Цариград. Има постојани контакти со бугарските културни дејци, а по враќањето во Охрид уште поинтензивно се ангажира за популаризирање на словенското писмо во Македонија. Во 1868 г. турската власт го затвора и го депортира во дебарската зандана, поради клевета од страна на грчкиот охридски владика. По затворскиот период го посетува манастирот Св. Јован Бигорски и е восхитен што во него се служи на старословенски јазик. Во следната 1869 г. во Охрид масовно се воведува народниот јазик во училиштата.

Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов, кој во тоа време учителствува во Охрид. Извесно време се вработува како терзија, а подоцна станува учител во Тирана, Албанија. Во 1849 г. се запишува како студент по медицина на Атинскиот универзитет.

Во последните години од својот живот, Прличев целосно се посветил на својата татковина Македонија. Тој станал учител на македонската младина, односно воспитувач на илинденската генерација, генерација која целосно раскинала со туѓите идеи и влијанија, тие целосно се посветиле на самобитноста на Македонија и македонскиот народ.

Додека Прличев учителствувал Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, низ клупите на оваа гимназија минале голем број на македонски револуционери и дејци: Пере Тошев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Петар Поп Арсов и бардот на македонскиот литературен јазик Крсте Петков Мисирков.

Оваа своја македонска позиција Прличев ја афирмира некаде по 1882, по враќањето од Бугарија. Тогаш, ќе се настани за постојано во Солун, па од таму, во едно писмо до жена си ќе го запише и ова:

Солун е срце, а ние вените на Македонија!
Истата година, во 1882 година, во еден допис до цариградскиот протестантски весник Зорница ќе се застапува за македонските гледишта врз јазикот и правописот на Словените во Европска Турција.

Во овој период, ја напишал, како одговор на барањето за соработка со софискиот неделен весник Балкан, автобиографски интонираната Мечта на еден старец, а една година подоцна таа ќе биде развиена во Автобиографија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани