Продолжува судскиот процес за убиството на Никола Сздовски-Саздо

Објавил: Узунов Бобан | 7 февруари, 2019 8:14

Во скопска Автокоманда реконстукција на убиството која ја потресе Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

На судењето за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски денеска ќе се врши реконструкција на настанот на самото место кај автобуската постројка во Автокоманда во присуство на сведоците и вештите лица.

Случајот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска и се наоѓа во доказна постапка, а на минатотот рочиште исказ даваа обвинетите Бесим Бења и Скендер Демири. 

Никола Саздовски беше член на навивачката група КОМИТИ 

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.