Како што посочуваат од Владата, не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.

Објавил: Перо Милчин | 15 септември, 2021 15:40

Во Скопје денеска пристигнува нова група граѓани од Авганистан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На Меѓународниот Аеродром во Скопје денеска се очекува да пристигнe нова група граѓани од Авганистан, информираат од Владата.

Според најавата од Владата,  медиумските екипи што ќе се акредитираат треба да пристигнат најдоцна до 16 часот.

Како што посочуваат од Владата, не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.

Инаку, првата група од 149 Авганистанци во земјава пристигнаа на  31 август, меѓу кои и жени и деца. Станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести