Иако редовно ги бара - Јавното обвинителство никогаш не ги соопштува резултатите од обдукциите

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 14:24

Во Скопје пронајдени еден починат и еден труп во распаѓање

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Едно лице починато и еден труп во распаѓање се пријавени вчера во скопската полиција.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи В.З. [ 47 ] е пронајден мртов од негов роднина на улицата “Фуштанска”. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт а по наредба на Јавен обвинител телото е пратено на обдукција.

Додека пак во напуштен објект на улицата “Гвадалахара” е пронајдено телото на Е.И. [ 65 ] од Скопје во фаза на распаѓање и по наредба на Јавен обвинител е дадено на обдукција. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести