Тричлен тим од Гросуплје, Словенија, разви уред направен за дезинфекција на банкноти со помош на ултравиолетови зраци, тврдејќи дека тој е единствениот во светот, способен за дезинфекција до сто банкноти во минута.
– Нашите животи полека се враќаат во нормала, но по оваа пандемија (вирус корона), ќе мора да бидеме повнимателни, вели членот на тимот Жан Брезец.
Според СТА, неколку словенечки банки веќе се заинтересирани за овој уред, а една од нив ќе започне да го тестира во наредните денови, а тимот посочува дека во моментов има само три слични уреди на светскиот пазар.
Вонредната состојба прогласена поради пандемијата со коронавирус, продолжува во следниве 90 дена, соопштија од Светската здравствена организација.
„За 90 дена или по потреба и порано повторно ќе го собереме одборот за Ковид-19“.
-СЗО е сериозно загрижена за потенцијалот на вирусот затоа што брзо се шири во земји со послаби здравствени системи (неразвиено здравство), ќе работиме со земјите и партнерите за да се овозможи патување за помош при пандемијата и постепено да се продолжи со нормално движење на патници.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.