Во последните 24 часа во Србија биле спроведени 6.819 тестови за коронавирус, од кои 163 се позитивни, или 2,4 проценти од тестираните, пренесува „Блиц“.
Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 163 нови случаи на заразени од коронавирус, а пет лица починале како резултат на инфекцијата.
Бројот на новозаразени е најмал од 25 јуни кога се регистрирани 137.
Во болниците во целата земја има 107 пациенти на респиратори.
Додека пак националниот штаб за цивилна заштита во последните 24 часа регистрира нови 45 случаи со Ковид-19 во Хрватска.
Во моментот бројот на активни случаи е 585, а меѓу нив 124 се на болничко лекување, од кои осум на респиратор.
Почина едно лице од последиците на Ковид-19.
Од февруари наваму во Хрватска се забележани 5.649 лица заболени од корона вирус, од кои 158 полинаа, а 4.906 оздравеа
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.