По Струмица, според излезноста, следува Делчево со 58 отсто, Тетово со 47 отсто, Ресен со 45 отсто, Ѓорче Петров со 43 отсто, Битола со 39 отсто итн.

Објавил: Перо Милчин | 21 март, 2021 16:36

Во Струмица има најголема излезност од 60 отсто на изборите во СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.ми

Од активно регистрираните вкупно 68.990 запишани членови во избирачки список на СДСМ, до 12 часот своето право го искористиле и гласале вкупно 32.198 членови, што значи дека излезноста дотогаш е 46 отсто, информираше претседателката на Централната изборна комисија Викторија Мандиќ, а пренесе Фокус!

Според податоците што ги објави Мандиќ, до пладне најголема излезност од 60 проценти имало во Струмица, каде единствениот кандидат за старо-нов лидер Зоран Заев беше градоначалник во неколку последователни мандати.

По Струмица, според излезноста, следува Делчево со 58 отсто, Тетово со 47 отсто, Ресен со 45 отсто, Ѓорче Петров со 43 отсто, Битола со 39 отсто итн.

Гласаат вкупно 68 999 членови во над 200 избирачки места во 80 општински организации на партијата. Во услови на пандемија поради Ковид 19 од избирачките одбори тврдат дека се почитуваат здравствените протоколи, а речиси половината од партиското членство гласало до пладне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика