Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

Објавил: Владо Марин | 15 септември, 2020 17:36

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ВО ТЕК Е ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ!

Град Скопје ги потсетува граѓаните дела е во тек јавниот повик за доделување стипендии на средношколци со попречености, ученици во средните училишта на Град Скопје за учебната 2020/2021 година.

25 ученици со попреченост од средните училишта на Град Скопје во текот на 9 месеци ќе добиваат стипендии од по 3.000 денари.

Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост и оваа година ќе додели стипендии за овие ученици од прва до четврта година.

УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидати кои учат во средните училишта на Град Скопје, а кои ги исполнуваат следниве услови:

• Да се ученици со попречености кои имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во психичкиот или физичкиот развој и специфичните потреби, издаден од надлежна установа, согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;
• Да се државјани на Република Cеверна Македонија;
• Да се жители на Скопје;
• Да се редовни ученици во средно училиште на Град Скопје;
• Да се редовни ученици од I година кои во текот на основното образование имаат постигнат минимален просечен успех од 3,00;
• Да се редовни ученици од II до IV година кои во текот на средното образование имаат постигнато минимален просечен успех од 3,00;

• Да не се корисници на стипендија од друга институција, претпријатие или друга организација во учебната 2020/2021 година;
• Да немаат повторувано година во текот на
своето образование, освен поради здравствени причини.
Висината на стипендијата за еден ученик ќе изнесува 3.000 денари месечно (нето износ) , во времетраење од 9 (девет) месеци за учебната 2020/2021 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Непотизам

Како што иформираат тамошните медиуми, дваесет и петгодишниот Сејнур Бекири, по потекло од Македонија загина кога автомобилот во кој се возел излетал од патот и се забил во дрво, вчера вечерта во местото Кастиџано, кај Анкона во Италија.

ТРАГЕДИЈА: Момче од Македонија загина во сообраќајка во Италија

Трагедија на патиштата во Италија, загина македонски државјанин на местото Кастиџано. Како...