Зголемен бројот на сообраќајни несреќи, во кои и не ретко се губат човечки животи, при што МВР и ОЈО, само објавуваат истраги, од кои потоа нема информации за причините

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 11:07

Во тешка сообраќајка на патот Велес – Куманово, едно лице загина, две се тешко повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Едно лице го загуби животот, а две се тешко повредени, во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на автопат Велес – Куманово, кај исклучокот за Аеродром “Скопје”.

Во несреќата, како што информираат од полицијата, учествувале автомобил „Форд Мондео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(50) од Скопје и патничко возило „Опел Астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.К.(42) од с.Дабиле, струмичко.

В.К. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со тешки телесни повреди се здобиле и сопатниците во возилото „Опел Астра“, А.А.(43) од с.Вељуса, струмичко и 11-годишно дете од с. Дабиле, струмичко. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болниците „8-ми Септември“ и „Св.Наум Охридски“, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...