Во тешка сообраќајна несреќа на патот Бујановац - Лучане, вчера на пладне се случи тешка сообраќајна несреќа, во која се повредени 3 млади момчиња на возраст од 18 и 19 години.

Објавил: Перо Милчин | 17 јуни, 2019 16:47

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Повредени три момчиња матуранти, двајца се борат за живот!

Фото/Текст извор: ©Онлине магазин

Едното момче имало крварење во стомакот, а другите две се здобиле со тешки повреди на рбетот, градниот кош и главата.

На патот Бујановац – Лучане, вчера на пладне се случи тешка сообраќајна несреќа, во која беа повредени 3 млади момчиња на возраст од 18 и 19 години, од кои двајца во тешка состојба беа пренесени во ургентниот центар во Ниш.

Сообраќајката се случила на патот кон влезот на селото Турија. Повредените прво биле транспортирани во болницата во Врање. Кај едното момче А.С (19) е утврдено крварење во стомакот, а кај В.Ш (19) тешка повреда на рбетот и градниот кош и веднаш од болницата од Врање, биле итно пренесени во Нишката болница.

Третото лице се здобило со повреда на главата, но е во стабилна состојба и задржано е во болницата во Врање, рече доктор Дејан Стојановиќ. Момчињата биле тргнати на прослава за матура.

Исто така минатата недела беа лесно повредени матуранти на патот Белград-Обреновац. Во сообраќајката учествуваа две патнички моторни возила од кои едното со српски, а другото со бугарски регистарски таблици.

До незгодата дошло поради неприлагодена брзина според условите на патот и возење под дејство на алкохол на еден од возачите. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.