Се очекува утре премиерот Зоран Заев, Ангеловска да претстави пред Собранието, а непосредно пред овој настан „Економски Лидер“ најавува дека ќе го продолжи својот серијал со објава за финансиски злоупотреби на компанијата на идната министерка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 август, 2019 19:15

Во фирмата на НОВОПЕЧЕНАТА МИНИСТЕРКА Нина Групер се делат минимални плати од 12.500 денари?

Фото/Текст извор: ©економски лидер

Идната министерка за финансии, Нина Ангеловска, на вработените во нејзината компанија им исплаќа исклучиво минимална плата од 12.500 денари, покажува истражувањето на „Економски Лидер“.

Според статистиките до кои стигна „Лидер“, просечната нето плата во компанијата на Ангеловска изнесува 16,360 денари, но во оваа сума влегува и нејзината плата која е значително висока. Ова значи, дека најголем дел од вработените во „ВЕБСПОТ ДОО Скопје“ (компанијата која го води „Групер“), се осигурени на минималец.

Деталната анализа покажува дека во минатата 2018 година, секој вработен во „Групер“, придонел за во компанијата да има прилив од неверојатни 1.912.170 денари (приход по вработен), а за возврат на трудот добил минимална плата од само 12.500 денари нето плата, со исклучок на директорката која заработува многу повеќе. Вкупниот приход на компанијата на Ангеловска е 22.946.052 денари.

Ова отвора сомнеж дека покрај минималецот кој се исплаќа на сметка, во компанијата на Ангеловска се делат и пари на рака, кој изнесуваат останатиот дел од платата.
За ова сведочат и многу лица кои порано работеле во „Групер“, но, поради потенцијалната висока функција на Ангеловска се плашат јавно да проговорат за односот кон нив.

Во „ВЕБСПОТ ДОО Скопје“, идната министерка е партнер заедно со извесните Александар Симоновски и Мартин Китановски.
Се очекува утре премиерот Зоран Заев, Ангеловска да претстави пред Собранието, а непосредно пред овој настан „Економски Лидер“ најавува дека ќе го продолжи својот серијал со објава за финансиски злоупотреби на компанијата на идната министерка.

Инаку, минатата недела „Економски Лидер“ откри дека Брендот „Групер“ кој во македонската јавност е претставен како најголем успех на предлог-министерката за финансии Нина Ангеловска е всушност плагијат на американскиот бренд „Групон“ – покажува истражувањето на „Економски Лидер“.
„Групон“ е успешна компанија со седиште Чикаго и свои претставништва на три континенти. Компанијата има над 6000 вработени и годишен прилив од над 14 милиони долари. Овој успешен и лиценциран бренд се занимава со продажба на купони за попусти кои ги продава онлајн и со кои можете да подигнете продукт од продавниците кои нудат попусти на страниците. Оваа прилично успешна компанија е основана во 2008 година.
Две години подоцна, во 2010, во Македонија, младата претприемачка Нина Ангеловска – која сега е кандидат за министер за финансии – ја отвора својата компанија „Групер“.
„Групер“ на Ангеловска, има идентичен бизнис модел со „Групон“, но, тоа не е се! Нејзината компанија, освен моделот, од компанијата од САД украла и многу други компоненти, што доаѓа во директен судир со законот за интелектуалн сопственост и трговски маркици.
Дека Нина Ангеловска направила плагијат, потврдуваат и од компанијата од САД, кои на нашето прашање дали постои поврзаност и помеѓу „Групон“ и „Групер“ и дали македонската компанија има лиценца за овој бизнис модел, ни одговорија дека од нас слушаат дека некој вака го злоупотребува нивниот бизнис.

-Немавме никаква информација за www.grouper.mk се додека вие ни ги спомнавте. Тие немаат никаква поврзаност со Групон. – кратко одговорија за „Економски Лидер“ од компанијата од САД.

Покрај идентичниот бизнис модел и сличниот назив на страницата (groupon.com и grouper.mk), Ангеловска од американците ги украла и боите, поставила сличен фонт на логото, но и самата концепција и организираност на интернет страницата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести