Демонстрантите во Франција, кои веќе втор ден протестираат поради поскапувањето на горивата и патарините и зголемувањето на даноците, денеска со неколку десетици возила блокираа седум од деветте влезови на паркингот во парискиот Дизниленд

Објавил: Македонка Димкин | 18 ноември, 2018 15:52

Во Франција повредени 400 лица на протести за поскапувањата на горивото , Македонците: нека е со помин!

Фото/Текст извор: ©parisien/ magazin

Демонстрантите во Франција, кои веќе втор ден протестираат поради поскапувањето на горивата и патарините и зголемувањето на даноците, денеска со неколку десетици возила блокираа седум од деветте влезови на паркингот во парискиот Дизниленд, овозможувајќи им на посетителите бесплатно паркирање.

Како што јави весникот „Паризиен“, блокадата на паркингот на Дизниленд и бесплатното паркирање на посетителите се одвива мирно и под надзор на полицијата.

Цената за паркирање во Дизниленд чини 30 евра дневно.

Во рамки на протестите денеска се поставени блокади на околу 40 локации на автопатиштата ширум Франција, на кои се истакнати транспаренти со пораки против францускиот претседател Емануел Макрон.

Паркингот во Дизниленд е еден од најголемите во светот и има вкупно девет влезови, во формат на автопат.

Во вчерашните протести беа повредени над 400 лица, од кои 14 се во критична состојба. Меѓу повредените има и полицајци и пожарникари. За време на протестите француската полиција приведе вкупно 282 демонстранти.

Француската Влада утрово порача дека нема да ја менува нејзината фискална и еколошка политика и покрај масовните демонстрации.

Во меѓувреме, француските медиуми јавија дека анкетите на јавното мислење покажуваат натамошен пад на популарноста на претседателот Макрон.

Според ноемвриската анкета на Францускиот институт за истражување на јавното мислење, само 25 проценти од анкетираните се задоволни  од работата на Макрон, што е за четири процентни поени помалку во споредба со истражувањето во октомври.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани