Полицијата не ги објави идентитетите на уапсените, а операцијата е резултат на меѓународната соработка во борбата против тероризмот.

Објавил: Перо Милчин | 21 април, 2020 21:35

Во ШПАНИЈА уапсен еден од најбараните терористи во Европа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Јужна Шпанија, уапсен е еден осомничените борци на Исламската држава, роден во Египет, опишан како „опасен екстремист“ и уште две лица за кои се води истрага поради можни врски со верски екстремистички групи.

Како што е наведено, уапсениот борец ја напуштил Европа да се бори во Сирија и Ирак и е „еден од најбараните терористи во Европа, затоа што тој припаѓа на Исламската држава и заради големата опасност што ја постави“.

Тројцата беа уапсени рано во понеделникот во изнајмен стан во централна Алмерија, град во југоисточна Шпанија.

Полицијата не ги објави идентитетите на уапсените, а операцијата е резултат на меѓународната соработка во борбата против тероризмот.

Се тврди дека првоосомничениот пристигнал во Алмерија од северна Африка и со години учествувал во судирите во Сирија и Ирак.

Исламска Држава (скратено ИД; позната и како Исламска Држава на Ирак и Левантот (ИДИЛ) или Исламска Држава во Ирак и Сирија (ИДИС)) е непризната терористичка држава која под своја контрола држи големи делови на Ирак и Сирија. Формирана е на 3 јануари 2014 година, а на 29 јуни истата година била прогласена за калифат.

Од март 2015, контролираат територија на која живеат десет милиони луѓе во Ирак и Сирија, и под номинална контрола држи мали делови на Либијa и Нигерија. Исламската Држава исто така оперира или има организации со кои управува во други делови на светот, вклучувајќи ја и Јужна Азија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.