Вкупната продажба на возила со електромотор и напојување на батерија во 2025 се очекува да изнесува 12 милиони единици, и дури уште 21 милион на крајот на следната деценија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 февруари, 2019 18:13

Во 2021 година електричните автомобили ќе чинат колку бензин и дизел

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Големите компании вложуваат сѐ повеќе и повеќе пари во развој на технологијата за електричните возила кои се повеќе се популарни, а исто така се очекува во наредната деценија постепено да го преземат приматот од возилата на погон на фосилни горива.

Во 2020 година се очекува да има 4 милиони купувачи на електрични возила и плаг-ин хибриди, смета престижната ревизорска компанија Deloitte.

70 % од вкупниот пазар ќе го сочинуваат електричните возила. Економските експерти на Deloitte сметаат дека цената на електричните автомобили уште во 2021 година ќе се изедначи со онаа на возилата на бензински и дизел погон.

Електричен автомобил е автомобил што се движи со помош на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија. Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување.

Електричните автомобили беа популарни во крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, се до напредокот во технологијата за мотори со внатрешно согорување и масовното производство на возила кои работат на поевтин бензин што доведе до пад во употребата на возила со електричен погон. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

Овие автомобили и понатака се препознатливи за светската јавност, меѓутоа тие ја добија титулата за најгрди автомобили на сите времиња.

ТОП 10 – Најгрди автомобили на сите времиња

Со текот на сите овие години, патиштата забележаа дека некои автомобили што само дизајнерите...

Секоја зима, многу домаќинства од различни причини своите домови ги загреваат со печки на дрва, чиј чад претставува една од главните причини за зголемената загаденост на воздухот.

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ

АПЛИЦИРАЈТЕ ОНЛАJН ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ Секоја зима, многу...