Повторно на маса предлог референдумското прашање и формата на Рефередумот

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 6:56

Во 9 часот нова лидерска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со почеток во 9 часот во Клубот на пратениците денес ќе се одржи второто продолжение на лидерската средба на партиската четворка од која се очекува политички Договор.

На заедничка маса повторно ќе седнат Мицкоски од ВМРО – ДПМНЕ – Заев од СДСМ – Ахмети од ДУИ и Касами од тетовското крило на Беса во придружба на уште еден член од политичката партија. На дневен ред две теми. Формулацијата на референдумското прашање за кое ВМРО – ДПМНЕ инсистира да биде недвосмислено и јасно како и формата на Референдумот за кој ВМРО – ДПМНЕ смета дека во својата форма не треба да биде само консултативен туку резултатите од истиот да се обврзувачки за законодавната и извршната власт.

Последната лидерска заврши со заклучоци дека СДСМ – ДУИ и БЕСА на Касами очекуваат договор за Референдумот и референдумското прашање затоа што не смее да се кочат ЕУ и НАТО интеграциите кои ни се на дофат но и реакциите на ВМРО – ДПМНЕ дека на маса сепак биле поставени форми на прашања за кои може да се добие соодветен одговор на Референдумот.

По последната средба и ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ започнаа јавна кампања на пласирање “информации” дека на средбата не се дискутира само за Референдумот и прашањето туку дека на маса се и предлог измените во Законот за Влада со што на секои наредни избори 100 дена пред истите би се формирала техничка влада согласно Договорот од Пржино но и измени во Кривичниот законик со што би се отворила можноста за индиректна амнестија по основ на обвиненијата кои СЈО ги има отворено за поранешните високи функционери на ВМРО – ДПМНЕ кои со измените би биле застарени дела.

На маса бил и предлог политички Договор за амнестија на обвинетите и осомничените за настаните од 27-ми април во законодавниот дом.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика