Од страна на Анѓушев на поранешните вработени им било објаснето дека Владата ги разгледува можностите во рамките на сопствените ингеренции и законските можности за изнаоѓање на решение.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 јуни, 2019 17:56

Вработените од ОХИС: Ако може да се исплатат долговите на општините, може да се најдат пари и за нас!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, денеска се сретна со поранешните вработени од Охис кои штрајкуваа пред Владата незадоволни од спроведената стечајна постапка.

Од владината прес-служба, информираа дека на средбата било констатирано дека стечајната постапка на „Охис“ е завршена и спроведена од судските и стечајните органи, во процес во којшто Владата немала ингеренции и воопшто не се мешала.

Анѓушев на поранешните вработени им било објаснил дека Владата ги разгледува можностите во рамките на сопствените ингеренции и законските можности за изнаоѓање на решение во врска со нивните барања.

Пред неколку месеци претседателот на Владата, Зоран Заев, прими делегација на иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД „Охис Скопје“ во стечај. Претставниците на „Охис“ изразиле очекување дека во рамките на законските надлежности на Владата, ќе бидат решавани некои нивни барања поврзани со стечајната постапка. Нивните очекувања главно се однесуваа за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот за обесштетувања од стечајната маса на АД „Охис“ да бидат вклучени и вработените од фабриката „Малон“ АД Охис.

Информираме дека Владата е во комуникација со поранешните вработени и ги разгледува можностите во рамките на сопствените ингеренции и законските можности за изнаоѓање на решение за барањата на лицата кои штрајкуваат.

Потенцираме дека Владата не се меша, ниту ќе се меша во судски одлуки, а по обвинувањата од вработените дека постојат сомнежи дека во минатото се правеле злоупотреби на службената должност и се оштетувал имотот на Охис, а со тоа и имотот на државата, сите евентуални злоупотреби и сомнежи треба да бидат пријават и споделат со државните органи кои спроведуваат истражни постапки.

Би сакале да потсетиме дека Владата го донесе Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, преку кој се обезбедуваат околу 7800 денари или 34% од просечната плата на месечно ниво за лица кои имаат остварено преку 15 години стаж во некоја компанија која била во државна сопственост, право кое го користат околу 8.000 лица, меѓу нив и поранешни вработени во Охис“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести