вторник, 23 април 2024

MK/ EN/ DE



Јован [ Зоран ] Вранишковски за себе во отворените писма говори во трето лице множина

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 6:47

Вранишковски: “Боледувам од мултиплекс склероза вратете ми го пасошот”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вранишковски во писмото објаснува дека судот не побарал од МВР да му го одземе пасошот а кога побарал да му го вратат пасошот во полиција тие му рекле дека има наредба од “горе” да не му го вратат.

Поглаварот на ПОА во писмото во кое за себе говори во трето лице множина објаснува дека пасошот му е потребен затоа што боледува од  тешка болест мултиплекс склероза која ја лекува во Србија.

“Инаку ние боледуваме од мултиплекс склероза и само во месец Јули требаше да се јавиме на две контроли во Војно Mедицинската болница во Белград каде што се лекуваме. Истото е предвидено и за месец Август. Но заради немање на патна исправа не можевме да ги направиме тие контроли и здравствената состојба рапидно ни се влоши. Поседуваме патна исправа од друга држава но не можеме ни со неа да излеземе од државава иако неа не се обидуваат да ни ја земат но не нe пуштаат да излеземе без да се откажеме од престојот во Македонија.

Дали целта е да бидеме држени како заложник и тоа во периодот кога од страна на нашата Црква е најавена прославата на јубилејот 1.000 години од основањето на Охридската Архиепископија и доаѓањето на српскиот Патријарх. Бесмислено е со такво ниско ниво на дискриминација да се постигне нешто г-дине министре. Нас не н преумија 5 години и 6 месеци кои ги поминавме во затвор гонети и затворани само затоа што сме Архиепископ на од државата дискриминаторски непризнатата Православна Охридска Архиепископија та мисли ли некој дека со овој “мек” вид на туторство ќе нe преуми?” – вели Врашишковски во своето писмо.

Вранишковски инаку има и грчко и српско државјанство и не му е забранет излез од државата но ако тоа го направи со странски пасош при што Македонскиот му е одземен нема да му биде дозволено да се врати во државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.