Русковска со список во рака проверуваше кој од колегите дошол.

Објавил: admin@magazin | 14 декември, 2019 15:55

ВРЕДНА ЖЕНА: Обвинителката Вилма Русковска со раквици и ќеса за ѓубре чистеше по улиците во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со ќеса и ракавици, Обвинителката Русковска, заедно со неколку вработени, се појави пред гаражата “26 јули” за да се приклучи на акцијата за чистење на градот.

Вилма Русковска со список во рака проверуваше кој од колегите дошол.

Со ќеса и ракавици, Обвинителката Русковска, се појави пред гаражата “26 јули” за да се приклучи на акцијата за чистење на градот.

На новинарско прашање, Рускоска рече дека ветингот е добра работа за прочистување во правосудството.

Денеска 40 илјади административци чистат ѓубре на повеќе локации во Скопје и во други градови низ Република Македонија.

Денешната акција ја организираше Владата на Република Македонија, заедно со Граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.  Целта на оваа акција е да се подигне свеста за чиста околина и заштитата на здрава животна средина.

На овој начин вработените го надоместуваат 2 јануари 2019, кој Владата го прогласи за неработен за сите државни институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести