Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Објавил: Владо Марин | 3 јули, 2020 7:34

Времето денеска: Нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и понатаму многу топло со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 35 степени.

Потоа за време на викендот на повеќе места и тоа особено во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер, електрични празнења и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот за време на викендот ќе бележат тенденција на пат и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени во сабота, и од 25 до 34 степени во недела.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...