Минималната температура ќе се движи од пет до 12 степени, а максималната од 13 до 19 степени.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 ноември, 2019 9:38

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и врнежливо време!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови на земјава со услови за локален дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи од пет до 12 степени, а максималната од 13 до 19 степени.
Во Скопје и околината слично време, со температура од 10 до 19 степени.

В понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни. Доцна попладне врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минимална температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната температура од 15 до 19 степени.

Од вторник во земјава ќе има пораст на дневната температура.

Во вторник и среда ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од три до 11 степени, а дневната од 17 до 23 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...