Временска прогноза за денес и викендот што следи

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 7:51

Времето во Македонија сончево и топло

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето во Македонија денес ќе биде сончево и топло. Попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец а УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринската температура се движи од 12 до 21 Целиусов степен а максималната дневна температура ќе се движи од 27 степени во западните регион и до 36 степени на југот од земјата.

Во Скопје ќе биде сончево и топло. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура е до 19 степени а дневната температура ќе достигне до 35 степени.

Во петок преку денот ќе има изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја. Во петок кон крајот на денот и во сабота ќе има поизразена нестабилност на места со пообилен пороен дожд засилен ветер и услови за појава на град.

Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...