аксималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Објавил: Владо Марин | 10 август, 2020 8:40

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Во попладневните часови мали се условите за локална и краткотрајна нестабилност, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа и во наредните денови во времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34, 35 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...