Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, најпрвин од западен, а потоа од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Објавил: Владо Марин | 29 септември, 2020 9:49

Времето денеска: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, додека кон крајот на денот и тоа Долж Повардарието ветерот ќе биде од северен и од северозападен правец.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
 
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и услови за ретки грмежи.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, најпрвин од западен, а потоа од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Потоа од утре ќе имаме стабилизирање на временската состојба кај нас. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде четврток кога локално ќе има повеќе облачност а ќе има услови и за слаб локален и краткотраен дожд.

Минималните температури понатаму ќе бидат нешто пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени, максималните дневни пак ќе бележат тенденција на постепен пораст.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...