Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, што значи нема многу да се менуваат во споредба со сегашните.

Објавил: Владо Марин | 9 септември, 2020 7:21

Времето денеска: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

И во следните денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ. Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени, што значи нема многу да се менуваат во споредба со сегашните.

И во Скопје и околината ќе продолжи стабилното, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, максималната дневна температура се очекува да достигне до околу 31 степен.

Уживајте во прекрасните денови, и во вистинското септемвриско лето кое ќе продолжи и во текот на следните денови.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...