Во Скопје попладне има мали услови за локална и краткотрајна нестабилност. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 32 степени!

Објавил: Владо Марин | 13 август, 2020 9:55

Времето денеска: Топло со мала до умерена локална облачност

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има изолиран развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Во Скопје попладне има мали услови за локална и краткотрајна нестабилност. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа за време на викендот, особено во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите на воздухот за викендот ќе бележат тенденција на незначителен пад, особено во недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...