Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.

Објавил: Владо Марин | 15 јули, 2020 7:55

Времето денеска: Услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Особено од попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец кој особено во западните предели ќе засилува.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во следните денови, особено во петок и во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе има услови и за појава на локално невреме.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...