Максималните дневни температури, се до крајот на оваа недела ќе бидат под просекот и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 15 до 24 степени.

Објавил: Владо Марин | 28 мај, 2020 9:20

ВРНЕЖИ ОД ДОЖД: Во текот на денот се очекуваат грмежи низ нашата земја!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

До крајот на денов, како и во текот на следните денови во нашата држава времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено од пладневните часови па натаму.

Локално ќе има услови за ретка појава на грмежи. Во текот на денешниот ден сеуште ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури, се до крајот на оваа недела ќе бидат под просекот и ќе се искачуваат во интервалот претежно од 15 до 24 степени.

Одсега гледано, нестабилното време кај нас ќе се задржи и на почетокот од следната недела.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...