Струмичката компанија специјализирана за производство на цигли и ќерамиди лани имала приходи од 5,16 милиони евра и остварила добивка од 2,7 милиони евра

Објавил: Перо Милчин | 27 јули, 2019 11:12

ВРТОГЛАВА СУМА: Заеви ПОБОГАТИ за 3.3 милиони евра од бизнисот со марихуана!

Фото/Текст извор: ©фактор

Најдобрата година во последните четири години лани ја имаше струмичката компанија за градежни материјали „Еленица“, покажуваат официјалните финансиски резултати од работењето за 2018 година, достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Струмичката компанија специјализирана за производство на цигли и ќерамиди лани имала приходи од 5,16 милиони евра и остварила добивка од 2,7 милиони евра (50 отсто од вкупниот приход).

Добивката е од продажба на дел од уделот што Еленица го има во светиниколксата компанија МАМ, лиценцирана за производство на масло од канабис, објави Фактор.
Оваа струмичка компанија има двајца акционери. Едниот има 99,9 отсто од акциите и тоа е Трајче Заев, долгогодишен бизнисмен. Другиот акционер во „Еленица“ се вика Жан Ангов и поседува 26 акции.
Од каде се парите?
Минатата година е неспоредливо добра во однос на претходните три години за „Еленица“. Лани приходот од 5,16 милиони евра. Од структурата на приходи се гледа дека од „кор бизнисот“ се само 1,73милиони евра и тоа е за околу 400.000 евра помалку во споредба во 2017 година. Лани „Еленица“ од останати приходи остварила 3,37 милиони евра.

Тој приход е од продажба на фирмата која е лиценцирана за производство на масло од канабис во медицински цели. Според официјални податоци достапни во ревизорскиот извештај за „Еленица“ во текот на 2018 година Трајче Заев одлучил да продаде 45 отсто од уделите на „Еленица“ во МАМ и задржал 40 отсто сопственост врз управувачките права во таа фирма. „Еленица“ станала сопственик на тие 85 отсто од уделите во декември 2017 година, а малку повеќе од нив продала за неполна година и тоа за 3,3 милиони евра. За жал не успеавме, од достапните податоци во ревизорскиот извештај, да најдеме прецизен податок за вредноста по која „Еленица“ на 27 декември 2017 година купила 85 отсто од уделите во МАМ.

Според јавно објавени податоци од истражуање на „Призма“ интернет страница на „Бирн Македонија“ фирмата МАМ од Свети Николе во пролетта 2017 година била во сопственост на две физички лица. Поголем ко-сопственик бил Зоран Додевски, кој се јавува и како сопственик на „Сител 3“ ТВ каналот, а долги години работел како извршен продуцент на ТВ „Сител“.

Другиот сопственик бил словенечки државјанин Тилен Реихард. Соодносот, според објавеното, било следно: Додевски имал влог од 24.000 евра, а Реихард од 6.000 евра.

Магазин се оградува од содржината на објавениот материјал. Како портал го пренесуваме материјалот за информирање претходно објавен јавен интерес. *Напомена: Магазин не одговара во однос на вистинитоста на материјалот, нема информација за времето кога тој е снимен, ниту содржината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести