Според лица присутни на настанот, Буши присуствувал во придружба на двајца членови од неговото обезбедување, кои всушност се припадници на МВР.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 октомври, 2021 8:19

Вториот човек во МВР бил сведок на пукањето на митинг на ДУИ

Фото/Текст извор: ©фокус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши, присуствувал на митингот на ДУИ во Чаир пред неколку дена, кога еден од присутните извади пиштол и испука неколку истрели во воздух, дознава Фокус.

Според лица присутни на настанот, Буши присуствувал во придружба на двајца членови од неговото обезбедување, кои всушност се припадници на МВР.

Неофицијално, тие по настанот во Чаир биле повикани во внатрешна контрола за да дадат исказ за пукањето.

Во однос на овие информации, Фокус побара официјална потврда и од МВР, но досега не добиле никакви одговори.

Инаку, Буши беше именуван за втор човек на полицијата како кадар на ДУИ при формирањето на актуелната влада после ланските парламентарни избори.

Претходно, Буши беше претседател на Одбор на директори и оперативен директор на Македонски Телеком.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести